Утрински Весник
Македонија

(Видео) Максим Димитриевски: ДУИ владее со државата

(Видео) Максим Димитриевски: ДУИ владее со државата

Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово, во интервју за „Макфакс“ ја анализира состојбата во државата и што се случува на политички план.

dobivaj vesti na viber

Државата, како што оценува тој, не се менаџира, туку е пуштена во слободен пад. Секој, како што додава Димитриевски, гледа начин како да приграби повеќе и да си го докапитализира личниот капитал и потоа да замине.

„ДУИ владее со оваа држава повеќе од 20 години, влегоа со пушка, во Собранието добија поддршка, од законодавната, ја презедоа и извршната власт, па сега на ред се правосудството и Обвинителството“, потенцира тој.

Оценува дека ситуацијата оди во насока на измачување на граѓаните и што побргу треба да се стави крај на тоа.
„Желбата е да се дојде до тотална депресија за да се контролираат гласачите, кои ќе обезбедуваат континуирана власт“.

За хаосот во институциите на системот, особено во Фондот за здравство, Димитриевски прашува кој го менаџира упатувајќи притоа директно прашање до надлежните: Каде се сите што до вчера го менаџираа Фондот за здравство, каде е Ден Дончев, како одеднаш испари со сите афери?

Гледајте го целото интервју со Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, за „Макфакс“.

Можете да прочитате

Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во кочанската болница

Левица: Владата троши 450.000 евра за луксуз, додека гласа против минимална плата од 500 евра