Утрински Весник
Македонија

(Видео) Македонија загрижена и вознемирена од состојбата во Косово; Османи: Може да ескалира, со човечки последици

(Видео) Македонија загрижена и вознемирена од состојбата во Косово; Османи: Може да ескалира, со човечки последици

Загрижувачки се информациите кои доаѓаат од Косово, посочува министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Постои и вознемиреност, бидејќи големи се можностите за посериозна ескалација со човечки последици.

dobivaj vesti na viber

„Многу се радувам што двете страни ќе се состанат во Брисел. Ова ќе биде во правец на деескалирање. Вознемирени сме за ситуацијата на терен, поради потенцијал да има посериозна ескалација и со човечки последици, но и за последици во целиот регион. Фокусиран сум на тоа што ќе се случи во Брисел. Не поради тоа што опозицијата мисли дека ние се грижиме повеќе за Косово него за нашата држава, туку нашите информации се сериозно загрижувачки од можна ескалација“, кажа Османи.

Премиерот на Албанија, Еди Рама и претседателот на Србија, Алексадар Вучиќ, ќе се сретнат во Брисел.

Можете да прочитате

Земјотрес почувствуван во Скопје и околината

Тони Михајловски: Љутков ќе го надмине и најлошиот министер за култура

УЈП казни речиси 300 угостителски објекти по контроли во трговски и туристички објекти низ државата