Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лефков: Владата и ЈО да не го премолчуваат криминалниот октопод на Груби

(Видео) Лефков: Владата и ЈО да не го премолчуваат криминалниот октопод на Груби

Зачудува молкот од Владата, молкот од ЈО и од ДКСК за скандалот поврзан со Артан Груби и неговата семејна фирма. Мислат дека ако молчат, тоа ќе се заборави. Институциите треба во итна постапка да испитаат како може братот на Артан Груби да стекне луксузен деловен простор во строгиот центар на Скопје од 127 квадратни метри, а да е платен само 100.000 евра, изјави на денешната прес-конференција, Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Како што истакна Лефков, според ова произлегува дека семејството Груби квадратен метар платиле за 700 евра, а реалната цена е над 3.000 евра. Граѓаните во Скопје за 700 евра за квадратен метар не може да купат ниту гаража, а не супер луксузен локал. Очигледно Артан Груби е фатен во небрано и затоа од една лага влегува во нова.

Нема да му помогнат ниту нарачките на порталите под негова контрола, нема да му помогнат ниту притисоците врз ЈО. Народот веќе може да го види октоподот што го создал околу себе и кој служи за богатење во услови кога сите други граѓани осиромашуваат, рече Лефков.

Лефков ги повика уште еднаш институциите да го истражат овој скандал и да проверат како е возможно семејството Груби да стекне имот 5 пати поевтин од пазарната цена. Да истражат дали семејството Груби платило повеќе, но во кеш, со цел да го скрие потеклото на парите. Да испитаат дали Артан Груби ја искористил и злоупотребил позицијата во која се наоѓа и на тој начин му помогнал на својот брат да прибави ваква имотна корист.

Скандалите поврзани со Артан Груби од ден на ден растат, а Ковачевски молчи за тоа.

Јасно е дека позначајна им е криминалната коалиција отколку правдата и вистината. Додека тие ортачат во своите матни зделки и личното богатење, граѓаните, и Македонци и Албанци и сите други, тонат во сиромаштија и безнадежност. Правда и одговорност за овој скандал, како и за многуте други поврзани со оваа Влада, мора да има, изјави Лефков.

Можете да прочитате

Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, СДСМ остро против партизацијата

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија