Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лазаров и Латас влегоа во судница, но се одложи рочиштето каде им се суди бидејќи промовирале насилство кон жени

(Видео) Лазаров и Латас влегоа во судница, но се одложи рочиштето каде им се суди бидејќи промовирале насилство кон жени

Јутуберот Стефан Лазаров и новинарот Драган Павловиќ-Латас седнаа на обвинителна клупа поради интервјуто, преку кое според Обвинителството, се промовирало насилство кон жени. Рочиштето се одложи оти адвокатката на Латас имала друго рочиште на кое требало да присуствува, а каде се испитувале сведоци. Судијката Диана Груевска Илиевска посочи дека следен пат, ако таа не биде тука, рочиштето нема да се одложи.

dobivaj vesti na viber

На наредното рочиште, откако обвинетите ќе го чујат обвинението, ќе можат да се произнесат дали се чувствуваат виновни или не за делото за кое се гонат. Интервјуто наиде и на осуди од невладиниот сектор кој се грижи за човековите права.

Обвинението беше поднесено крајот на февруари месец. Латас и Лазаров се гонат за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

„Двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја што промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста. Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на јутјуб-канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување“, соопшти Обвинителството.

Можете да прочитате

(Фото-Видео) Скопје во чад и мирис на пластика

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“