Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лазареска: Мицкоски со нови бесмислици бега од одлуката, дали ќе го избере ЕУ блокот или Левица

(Видео) Лазареска: Мицкоски со нови бесмислици бега од одлуката, дали ќе го избере ЕУ блокот или Левица
Ss2

Нема посоодветно место од овде, од македонското Собрание да ги посочиме придобивките за граѓаните од стратешките одлуки кои мнозинството пратеници ги донесе. Успеавме да го унапредиме македонскиот јазик и дома но и во Европската унија. Потпишавме Договор за ФРОНТЕКС на официјален македонски јазик, без фусноти и додавки, со што го издигнавме на ниво на јазиците на ЕУ.
Фронтекст е прв Договор со ЕУ потпишан на македонски јазик. Со тоа, нашиот јазик е потврден во ЕУ и рамноправен со останатите јазици во Унијата и не може да биде оспоруван од никого. Пропаднаа сите лаги и хистерии на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица кои тврдеа дека јазикот ќе бил загрозен, ќе бил дијалект на бугарскиот јазик и други слични бесмислици со кои ја плашеа македонската јавност, истакна Жаклина Лазареска, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Да биде иронијата поголема, вели таа, токму ВМРО-ДПМНЕ беа тие кои не гласаа и воопшто не беа присутни во пленарната сала кога се ратификуваше Договорот за македонскиот јазик во ЕУ.

Ss1

Сега наместо ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица, Мицкоски, вели Лазареска, измислува нова глупост за наводно редифинарање на државата.

„Очигледна е намерата Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да побегнат од одлуката дали ќе се приклучат на проевропскиот блок или ќе останат со левица во анти ервопскиот. Стар и веќе виден пристап на сеење лаги, како што беше за бугаризација, асимилација, мигранти, кантонизација и што ли уште не. Време е за глас за Европа во македонското Собрание а не за нови бесмислени измислици кои немаат никаква врска со реалноста. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги повикуваме да размислат и конечно да одговараат: Дали ќе се приклучат на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица?“, прашува Лазареска.

Ss1

Можете да прочитате

Во Куманово на три избирачки места не се гласа

Излезноста на гласачите до 15 часот во споредба со изборите во 2019 година е поголема за 6.37%

Одѕивот на гласачите до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку излегле во Центар Жупа, а најмногу во Новаци