Утрински Весник
Спорт

(Видео) Лајпциг го „растури“ Фрајбург за финале во ДФБ купот

(Видео) Лајпциг го „растури“ Фрајбург за финале во ДФБ купот

РБ Лајпциг се првите финалисти на германскиот ДФБ Куп, откако со неверојатно прво полувреме ги збришаа Фрајбург со 1:5 иако поголемиот дел од второто полувреме го играа со 10 играчи по црвениот картон за Јошко Гвардиол.

dobivaj vesti na viber

Лајпциг почнаа фуриозно – Дани Олмо во 13. минута и Бенјамин Хенрихс само минута подоцна донесоа 0:2 водство. Доминик Собослаи зголеми на 0:3 во 37. минута, за Кристијан Нкунку да осигура 0:4 водство на полувреме во последните минути. Гвардиол го остави тимот на цедило по црвениот картон во 58. минута, и иако Фрајбург вратија еден гол преку Грегорич во 75. минута, во финишот на мечот беше досуден пенал, а Собослаи го постави конечниот резултат.

Во финалето, „биковите“ ќе играат со подобриот од дуелот Штутгарт-Ајнтрахт Франкфурт.

Можете да прочитате

ЗОИ 2026: Чешкиот тинејџер олимписки шампион во брзо лизгање

МЗТ Скопје Аеродром со „стотка“ против Работнички до полуфиналето во Купот

Примарна цел е ногата на Линдзи Вон да не биде ампутирана