Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: ВМРО ДПМНЕ е криминална партија, прави опструкции за бизнис интереси и лични богатења

(Видео) Кузеска: ВМРО ДПМНЕ е криминална партија, прави опструкции за бизнис интереси и лични богатења

Со одговорни, државнички политики СДСМ ги остварува македонските стратешки, национални цели, поставени уште од независноста, потенцираше денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

Станавме членка на НАТО и започнавме преговори со Европската Унија, со заштитен македонски идентитет, посебност и јазик, дополни таа.

Во моментов, како што оцени, имаме 45% усогласено законодавство со ЕУ, имаме преговарачка структура, главен преговарач, со реална цел до 2030 година да бидеме полноправна членка на Унијата.

Според неа, во време на глобална и економска криза, владата предводена од СДСМ презема навремени мерки за обезбедување на храна и енергенси како и заштита на стандардот на граѓаните.

Додека СДСМ води државнички политики за граѓаните, гледаме опструкции, блокади, сопки од криминалната ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, рече Кузеска.

„Фатени со рацете во медот, за тендери вредни над 136 милиони евра само се потврдува дека за ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник се важни само личните и бизнис интереси. Затоа се сите опструкции, блокади, кочење на државата и работата на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ беа против преспанскиот договор и зачленувањето во НАТО, сега се против ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со својот проруски партнер Левица се обидува да го запре процесот на евроинтеграциите. Не бираат средства и начин, па макар тоа било на сметка на стратешките интереси на земјата. За нив се важни само парите, провизиите и личното богатење“, нагласи портпаролката на СДСМ.

Оцени дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата стара, како што рече, нереформирана и криминална партија.

„СДСМ нема да дозволи блокада на државата, продолжуваме по европскиот пат. А на криминалната ВМРО-ДПМНЕ треба да им е јасно како ден: секој што го прекршил законот ќе одговара пред надлежните правосудни институции“, кажа Кузеска.

Можете да прочитате

Пресудата за модуларната болница во Тетово ќе се знае на 16. мај

Најтешкиот ден во животот на Мицкоски – видете кога бил?

Полицајци на протест: Бараат почитување на Законот за минимална плата