Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: Најголемите лаги на Мицкоски, лага #3: 100 електрични автобуси во Скопје

(Видео) Кузеска: Најголемите лаги на Мицкоски, лага #3: 100 електрични автобуси во Скопје

„2022 година е година на најголемите лаги на Христијан Мицкоски, кој е под заложништво на Димитар Апасиев и Левицата. Освен што ги лажеше граѓаните за македонскиот јазик и идентитетот, за почетокот на преговорите со ЕУ, Мицкоски ќе остане запаметен и по лагите за Скопје. Како шпицен градоначалник, Мицкоски на партиски настан најавуваше набавка на 100 електрични автобуси за потребите на ЈСП“, рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

Таа посочи дека ‘со набавка на нови, минимум 100 електрични автобуси, ќе придонесеме за намалување на загадувањето на воздухот и за таа цел изминатиот период остваривме комуникација со многу производители’, рече Мицкоски на партиски настан во Скопје“.

„Девет месеци поминаа од тоа ветување на Мицкоски. Не само што нема 100 нови електрични автобуси туку и тие што ги има веќе не возат. Во меѓувреме, се случи хаос и со постојниот јавен превоз. Поради неспособноста на градската власт од ВМРО-ДПМНЕ, Скопје првпат остана без јавен превоз, приватните превозници веќе не возат, ЈСП тоне во долгови, а граѓаните се возат во преполни автобуси, кои честопати доцнат со часови“, рече Кузеска.

Можете да прочитате

ЛАДНИОТ ЦИКЛОН СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС: Ќе донесе многу дожд, снег, и снежна покривка од над 60 сантиметри!

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?