Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Нови 14 возила со пумпи за гасење пожари за општините

(Видео) Ковачевски: Нови 14 возила со пумпи за гасење пожари за општините
300x250 (7)

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, заедно со првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерката за одбран, Славјанка Петровска денеска присуствуваа на настанот „Цивилна заштита помеѓу институциите и граѓаните“ во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

dobivaj vesti na viber

На настанот, на кој присуствуваше и директорот на ДЗС, Беким Максути, беше извршена церемонија на предавање возила со пумпи за гасење пожар на 14 општини и беа одржани показни вежби за активностите за помош и поддршка од доброволни противпожарни друштва, компании и Црвениот крст.

Ss1

Премиерот Ковачевски на настанот истакна дека една од примарните задачи на еден институционално уреден систем е да создаде и да уреди квалитетен и ефикасен систем за цивилна заштита, кој ќе опфати превенција, делување и санирање на последиците од природните непогоди и другите несреќи, со единствена цел, заштита на животот, здравјето, имотот на населението, како и националната економија.

„Во современото време, зголемениот број на секојдневни непредвидени ситуации, несреќи од различен вид и природни и вештачки катастрофи, како и техничката сложеност за нивно отстранување, нè научија дека е потребно да создадеме и да развиваме заеднички и комплексен пристап на сите институции со цел донесување брзи и ефикасни решенија“, рече Ковачевски.

Тој потенцираше дека во таа насока е и обезбедувањето на овие 14 возила со пумпи за гасење пожар, чијашто вкупна вредност е 42,5 милиони денари, со кои се подобрува техничката опременост за противпожарни интервенции.

Ковачевски изрази огромна почит кон припадниците на пожарникарските единици, кои несебично го жртвуваат својот живот, за да спасат туѓи животи во разни непредвидени ситуации, истакнувајќи дека пожарникарите имаат работа од стручен, но и хуманитарен карактер. Тие се секогаш тука, подготвени безрезервно, брзо и ефикасно да се справат со сите предизвици поставени пред нив.

„Изразувам голема благодарност до нашите херои-пожарникарите, но и до медицинските лица и припадниците на Црвениот крст, но и граѓаните, кои доброволно се вклучуваат во пружањето помош за намалување на последиците од какви било несреќи“, рече Ковачевски.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби