Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски на утринската Воскресна Литургија: Заедно да градиме просперитетна иднина

(Видео) Ковачевски на утринската Воскресна Литургија: Заедно да градиме просперитетна иднина

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, утрината присуствуваше на Воскресната Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со којашто, традиционално за Велигден, богослужи поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

dobivaj vesti na viber

На Литургијата, заедно со премиерот Ковачевски, присуствуваа и министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

„Ова е голем празник, при што сакам на сите да им посакам мир, спокој, пред се здравје и напредок на личен и професионален план.

Низ вековите ние православните Македонци и сите кои живееме на овие простори сме покажале дека кога сме единствени тогаш можеме да напредуваме, тогаш можеме да се развиваме, да оставиме секогаш подобро наследство за нашите идни генерации.

Тука се наоѓаме во соборниот храм на МПЦ, ние сме наследници и на делото на Кирил и Методиј и на Св. Климент и на Св. Наум и на сите наши просветители и светци и би им порачал на сите наши граѓани дека треба да бидеме единствени, да ги надминеме разликите кои ги имаме меѓу нас, оние кои во минатото имале помеѓу себе недоразбирања треба да ги надминат и сите заедно да направиме нови чекори за просперитетна за успешна и за среќна за сите граѓани Република Северна Македонија.

На сите наши православни верници уште еднаш, на вас медиумите, на сите граѓани да им посакам среќен Велигден. Христос Воскресна!“ порача Ковачевски.

Можете да прочитате

Царина и АХВ заедно против измами со увоз на храна – фер пазар за сите

Кривична пријава за случајот со демирхисарската гимназија – шест службени лица осомничени за злоупотреба

Лашкоска: Во координација со Владата, забрзано и системски работиме на санација на хидросистемот Ѓавато