Утрински Весник
Македонија

(Видео) Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме 36 отсто

(Видео) Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме 36 отсто

Со исплатата на септемвриската плата вработените во основното и средното образование ќе добиваат 15 отсто повисоки месечни примања, истакна на денешната прес-конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Од вкупно 32.500 вработени во основното и средното образование, кои добиваат повисоки плати, 25.000 се наставници, а покачувањето изнесува просечно по 3.000 денари. Со последното зголемување, СДСМ за пет години ги покачи платите 36 отсто, што е повеќе од една третина.
Тоа е далеку поголемо зголемување на платите од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога за период од 11 години, платите во основното и средното образование биле зголемени едвај четири проценти“, дополни Колева.

Покрај платите, според неа, СДСМ инвестира и во унапредување на условите за работа на наставниот кадар.

Досега, како што рече, реконструирани или изградени нови се 80 објекти на основни и средни училишта во целата држава.

„Истовремено, Владата предводена од СДСМ донесе одлука објектите на основните и средните училишта да се префрлат на регулираниот пазар на електрична енергија, што значи помали сметки за струја и непречено одвивање на наставата со физичко присуство во целата грејна сезона. Ова е пример за вистинска грижа за образовниот процес, вистинска грижа за наставниците и учениците“, рече пратеничката од СДСМ.

Можете да прочитате

Полицијата ги лиши од слобода лицата кои вчера ја попречуваа работата на полицијата во Крива Паланка

Бигорскиот манастир реагира дека има злоупотреба на нивното име за продажба на лекови

Врнежливо време во Македонија, ќе наврнат нови над 50 литри дожд