Утрински Весник
Македонија

Финализира изградбата на паркинг на Христо Татарчев во Кисела Вода

Финализира изградбата на паркинг на Христо Татарчев во Кисела Вода
Ss2

Завршуваат градежните активности на улицата “Христо Татарчев” во населбата Кисела Вода, каде Општина Кисела Вода инвестираше во изградба на паркинг простор. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во финализирањето на ова, ново решение за сообраќајот во мирување во општина Кисела Вода.

dobivaj vesti na viber

„Со денешното асфалтирање го финализираме проектот со кој жителите на овој дел од општината добиваат нов паркинг простор на површина од околу 700m² и капацитет за 70-тина возила. Ова секако ќе го олесни живеењето и нормалното функционирање на граѓаните со адреса на улицата “Христо Татарчев”, како и на останатите кои ќе имаат потреба таму да се паркираат“, изјави Ѓорѓиевски.

Ss1

„Креирањето на нов модерен лик на Општина Кисела Вода подразбира решавање и на проблемот со недостиг од доволен број на паркинг места, на што интензивно работиме. Покрај овој проект, кој е во финална фаза, во изминатиот период, изградивме повеќе паркиралишта, како паркингот на улицата “Бранко Заревски” во населбата Драчево, каде се гради и уште еден, на улицата Коперникова. Нов паркинг простор се гради и на улицата “Ѓорѓи Димитров”, веднаш спроти ДУРДМОВ “Димитар Влахов”. Решение за сообраќајот во мирување добија и жителите на Бирарија, каде е изграден паркинг непосредно до градинката, како и граѓаните кои живеат во близина на бензиската станица кај Мечкаров. Во фаза на изградба е паркиралиштето во Расадник, а веќе е нарачан сообраќаен проект и за улицата “Иван Козаров”, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски додавајќи дека Општина Кисела Вода ќе продолжи да изнаоѓа квалитетни решенија за намалување на метежот и подобрување на функционалноста на сообраќајот.

Ss1

Можете да прочитате

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ