Талентираниот кокер шпаниел Лео ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи со својот најнов трик.
Тој научил да реди пластични чаши, од најголема до најмала, и ова го прави подобро од повеќето мали деца. Својата умешност ја докажа во видео споделено од неговата сопственичка Емили Андерсон на „Тик-ток“ и „Инстаграм“.
Андерсон го снимила своето милениче како фаќа пластични чаши во устата и прецизно ги реди една врз друга, по редослед на големина. Таа вели дека му биле потребни шест недели за да го усоврши овој трик
Лео сега има илјадници фанови, кои го нарекоа суперкуче.
Андерсон вели дека нејзиното тригодишно куче никогаш не се откажува. Сака да учи нови работи, па, меѓу другото, става обрачи на конус, рециклира отпад и оди наназад.