Го користи ли Западот стариот и добро проверен рецепт на префрлање на вината вперувајќи прст кон Русија за уништување на браната Нова Каховка во време кога украинските сили, според руските власти, продолжуваат со гранатирање на оваа хидроцентрала на реката Днепар.
Според РТ Балкан, кој посочува на методологијата на западните сојузници на Киев, тоа не би било ништо чудно.
Истото се случи кога се тврдеше дека Русите ја бомбардирале нуклеарната централа „Запорожје, а меѓу „бисерите“ е и подметнувањето околу саботажата на гасоводот Северен тек, за што Киев и нејзините сојузници ја обвинуваа Русија се додека добитникот на Пулицерова награда, Симор Херш, не го разоткри заговорот зад кој се најде американскиот претседател Џо Бајден.
Овојпат меѓу првите што го обвинија Кремљ за напад на хидроцентралата беше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој истакна дека „ние ќе ги сметаме за одговорни Русија и нејзините полномошници“.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, само го повтори обвинувањето, покажувајќи кон, како што рече тој, „руските терористи“.
Russian terrorists. The destruction of the Kakhovka hydroelectric power plant dam only confirms for the whole world that they must be expelled from every corner of Ukrainian land. Not a single meter should be left to them, because they use every meter for terror. It’s only… pic.twitter.com/ErBog1gRhH
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 6, 2023
„Терористите нема да можат да ја спречат Украина ниту со вода, ниту со проектили, ниту со ништо друго“, напиша тој на Телеграм, прецизирајќи дека браната била разнесена со експлозив поставен одвнатре.
Експлозијата на ХЕ Каховка го направи Зеленски и „јасновидец“ бидејќи на крајот на минатата година „му се кажа“ дека „Русите ќе ја уништат оваа хидроцентрала“ и тврдеше дека таму веќе бил поставен експлозив.
Откако западните функционери побрзаа да ги обвинат Русите, се огласи и шведскиот воено-политички аналитичар Микел Валтерсон, наведувајќи три можни верзии за експлозијата кај Каховка – едната е дека била уништена од Русите, втората дека Украинците се виновни, а третата е дека браната едноставно попуштила поради оштетивања од претходно гранатирање.
„Нема причина Русија да ја крене браната во воздух, бидејќи водата што тече на југ најмногу ќе се излее на руската, лева страна на реката и руските позиции таму. Значи, главните алтернативи се или дека Украинците ја уништиле во подготовка за летната офанзива или браната се урнала под притисок на водата поради оштетување на конструкцијата “, посочува тој.
Интересно е што хидроцентралата, која е под контрола на Русија од почетокот на војната, беше речиси континуирано гранатирана од Украина и тоа толку агресивно што уште во октомври Русија испрати писмо до Советот за безбедност на ОН во кое ги повика да го спречат уривањето на браната.
Намерите на Киев ги покажува и видео кое беше објавено во септември минатата година на проукраинскиот канал „Truha Ukraina“, најголемиот канал на Телеграм од Харков.
„Еве го одговорот на вооружените сили на Украина: нашите борци ја гаѓаа браната на хидроцентралата Каховка во регионот Херсон. Руси, си набавивте ли патки на надувување?“
Видеото беше отстрането токму денеска, но интернет памети се, па овој доказ за украинската одговорност е зачуван.
Зошто на Русија не ѝ одговара, а Украина има корист од уништувањето на браната Каховка? Една од можните цели на нападот на украинската армија врз Каховка би бил обидот да се поплават позициите на руската одбрана, а пред се минските полиња, што би го олеснило влегувањето на украинските војници.
Американскиот воен аналитичар со украинско потекло, Мајкл Кофман, уште лани разгледувајќи истакна дека е малку веројатно Кремљ да ја крене во воздух Каховка затоа што поплавите што би уследиле би го зафатиле левиот брег на Днепар – кој ѝ припаѓа на Русија.
„Кога би ја уништила браната, Русија, во основа, би си пукала в нога. Тоа би го поплавило делот од Херсон кој е под руска контрола многу повеќе отколку западниот дел што Украинците веројатно ќе го ослободат“, прогнозираше Кофман.
И аналитичарот Џејмс Блек од корпорацијата „Ранд“, која соработува со Пентагон, тврдеше лани дека уништувањето на Каховка, всушност ќе му биде од корист на Киев.
NEWS UPDATE & ANALYSIS NOVA KAKHOVKA DAM DESTROYED MORNING JUNE 6
The very large hydroelectric powerplant (HPP) dam over the Dniepr in northern Kherson oblast (region) has been destroyed. Exactly what happened is unclear, Ukraine and its western allies blame Russia. Some… pic.twitter.com/Fk8GxBJVQ3— Mikael Valtersson (@MikaelValterss1) June 6, 2023
„Вашингтон пост“ на крајот на декември напиша украинската армија не само што имала план да ја уништи Каховка, туку дека дури и го тестирала нападот.
„Целта беше да се принудат на бегство 25.000 руски војници во тој дел на Херсон, одвоени од своите резерви со широката река. Ако се изврши доволен воен притисок, Москва нема да има друг избор освен да се повлече“, рече во таа пригода генерал-мајор Андриј Ковалчук, кој имаше задача да ја води контраофанзивата во Керсон.
Според „Вашингтон пост“, Ковалчук размислувал да ја поплави реката. Како што и самиот рекол, Украинците дури извршиле пробен напад со ХИМАРС и направиле три дупки во металот на браната за да видат дали водата од Днепар може да се издигне доволно за да ги запре руските преминувња.
„Тестот беше успешен, но тој чекор остана последна опција“, рече Ковалчук.