Серијата „Дипломат“, која почна да се емитува на 20 април оваа година, е нов хит на „Нетфликс“.
Првата сезона ги воодушеви гледачите и има 66 милиони часови гледаност во последнава недела. Главната улога ѝ припадна на американската актерка Кери Расел.
Серијата е политички трилер кој ја следи кариерата на жена дипломат во американската амбасада во Лондон. Протагонистката го добива мандатот за амбасадор во Лондон, но тоа има големо влијание врз нејзината работа и личен живот. Сето ова се случува додека во позадина се одвива меѓународна криза.
Кери изјави дека сценариото за серијата веднаш ја купило и не можела да ја одбие улогата.
Кери не е ново име во светот на актерството. Родена во Калифорнија, пораснала со својот постар брат Тод и помладата сестра Џули, а поради работата на татко ѝ тие често се селеле. 47-годишната актерка веќе има многу хитови зад себе, а кариерата ја започна на 15 години.
Се појави во сериите Boy Meets World („Детето го запознава светот“) и Married… with Children („Во брачни води“), во спотот за хитот на Бон Џови Always, а најпозната е по улогата во серијата „Фелисити“, за која доби „Златен глобус“ во 1999 година. Таа глуми и во филмот Cocaine Bear („Мечка на кокаин“), кој излезе оваа година.
Многумина веројатно ја паметат и по улогата во серијата „Американци“ во која глумеше шпион во САД за време на Студената војна. Благодарение на таа серија го запозна актерот Метју Рис (48) со кој има син Сем Еванс (6).
„Се заљубивме на снимањето и беше секси и забавно, но беше и проблематично. Освен што заедно глумевме, тој режираше и неколку епизоди, меѓу кои и оние каде што јас всушност бев бремена и, инсистираше да одработам она што го замислил,“ рече Кери во една прилика.
Пред него таа беше во брак со Шејн Дири, а заедно ги имаат синот Ривер и ќерката Вила Лу.