Принцовите Вилијам и Хари со нивните сопруги Кејт и Меган Маркл вчера се појавија пред замокот Виндзор за прв пат заедно во јавност од 9 март 2020 година, а во оваа прилика принцезата од Велс ја сподели реакцијата на нејзиниот син, принцот Луис за смртта на кралицата Елизабета.
Ова нивно јавно појавување ги изненади сите, но изгледа решија за момент да ги остават сите разлики на страна и заедно да и оддадат почит на неодамна починатата кралица.
„Фантастичната четворка повторно се заедно“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Сепак, двата пара не комуницираа многу за време на 40-минутната прошетка во близина на еден од омилените англиски домови на кралицата. Застанаа да читаат пораки оставени меѓу цвеќињата, се ракуваа и разговараа со илјадници луѓе.
William and Harry’s strained relationship is no secret, but it’s understood that the heir to the throne reached out to his younger brother and asked him and Meghan to take part in a crowd walk in Windsor.
Read more: https://t.co/PiWGqvRyfu pic.twitter.com/cw9FZkge4u
— Sky News (@SkyNews) September 10, 2022
Посебно внимание привлече принцезата од Велс.
Банита Ранов (28), која присуствуваше на настанот, рече дека слушнала како Кејт им кажува на децата до неа за тоа како нејзиниот најмлад син Луис реагирал на веста за смртта на кралицата.
„Луис рече: ‘Барем баба сега е со прадедо ми’“, им рекла Кејт на децата.
Таа откри дека Кејт ги охрабрувала најмалите, а потоа друга жена која присуствувала на денешниот собир на членовите на британското семејство рекла дека навистина било убаво да се видат сите заедно, пренесува „Дејли мејл“.
„Се чувствував толку емотивно, мислев дека тоа би и се допаднало и на кралицата. Само се надевам дека во иднина ќе останат во таква врска и дека браќата, како и семејствата, ќе останат заедно“, рече таа.