Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каракачанов: Интересот за запишување стручен кадар во железничкиот сообраќај е мал поради лошата состојба во претпријатието

(Видео) Каракачанов: Интересот за запишување стручен кадар во железничкиот сообраќај е мал поради лошата состојба во претпријатието

Интересот за запишување стручен кадар во областа на железничкиот сообраќај е мал, а тоа се должи на лошата состојба во железничкото претпријатие „Македонски железници – Транспорт и инфраструктура“ АД, изјави проф. Александар Каракачанов, член на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ и професор, на денешната панел-дискусија со наслов „150 години железници во Македонија 1873-2023“.

dobivaj vesti na viber

„Доколку се подобрат условите за работа, секако интересот ќе биде уште поголем и тоа ќе овозможи продуцирање соодветен кадар, а без соодветен стручен кадар, кое било претпријатие во делот од областа на транспортот или некоја друга област тешко може да функционира. Сè уште во АД ‘Транспорт и инфраструктура’ е потребен стручен кадар за да може да се подобрат на некој начин условите за работа“, истакна Каракачанов.

Тој во текот на своето обраќање се осврна на историјатот на железницата и железничкото претпријатие и потребата од стручен кадар во оваа област.

„Работам во средното училиште ‘Владо Тасевски’ како професор по сообраќајни стручни предмети, односно, по дипломирањето, јас и некои од колегите се вработивме како стручен кадар во делот на образовање кадри за железница. Ова училиште е создадено од железничкото транспортно претпријатие во тоа време некаде во 60-тите години кога се оформуваше железницата во Македонија и се јавило потреба од стручен кадар за потребите на железничкото претпријатие и донесена е одлука за формирање железнички училиштен центар, кој ќе продуцира стручен кадар во Македонија, работници што ќе извршуваат одредени работни задачи во делот на железничкиот транспорт и организирањето на железницата. Училиштето функционира и ден-денес, во изминатите години се продуцирани доста кадри, кои моментно наоѓаат работа и работат и творат во делот на железничкиот транспорт“, рече тој.

Каракачанов посочи дека во ова училиште се образоваат кадри во делот на техничари за железнички транспорт и машиновозачи за  електрични дизел-возила, а во моментот се работи на нова програма за техничар за влеча, машиновозач, која се планира да се воведе в година.

Можете да прочитате

Се степале скопјанец и прилепчанец во Аеродром – употребен е и тврд предмет

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Се степале две пензионерки кај Бит-пазар