Општина Кавадарци испрати помош во Скопје за справување со отпадот.
Во Општина Кисела Вода испратени се 3 камиони и еден џип се со цел да се помогне во решавање на проблемот со отпадот, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Помош ќе се испрати и на други општини кои што имаат потреба, вели тој, споделувајќи видео од комуналната помош.
Скопските градоначалници попладнево почнаа да бараат помош од други градови да им испратат возила за собирање на комунален смет поради бојкотот на скопските комуналци и натрупаноста на Скопје со ѓубре.
Неколкумина веќе објавија дека добиле помош, којашто се очекува да пристигне вечерва.