Утрински Весник
Свет

(Видео) Камерите снимија момент што ја заледува крвта: ајкула лови фока, но за малку кајакарoт што снимаше ќе станеше нејзина жртва

(Видео) Камерите снимија момент што ја заледува крвта: ајкула лови фока, но за малку кајакарoт што снимаше ќе станеше нејзина жртва

Камерите снимија момент што го одзема здивот – ајкула удира двапати во кајакар додека лови фока и за малку ќе го преврти пловилото на кое тој се наоѓа.

dobivaj vesti na viber

Грег Потер седел во својот кајак и се восхитувал на природата од далечина додека гледал ајкула како се обидува да фати фока на источниот ‘рт на Нов Зеланд.

Но, додека младата ајкула се обидувала да го фати својот плен во вилиците, се приближила и малку недостигало за самиот кајакар да го доведе во акција.

Ајкулата двапати го удрила дното на кајакот на Грег и за малку ќе го превртела пловилото при вториот обид.

Ударот речиси го соборил Грег во водата, потенцијално оставајќи го на милост и немилост на ајкулата.

Грег раскажа дека движејќи се со кајакот, бргу сфатил дека се работи за млада ајкула, која брка фока. Тој престанал да го движи пловилото на речиис 200 метри и ги снимил неверојатните сцени, а кои ги објави на своите канали на социјалните мрежи.

„Имам голема бела ајкула, која брка фока овде. Тоа е нереално“, рече тој.

Грег потоа донесе брза одлука да бега додека фоката и ајкулата почнаа да кружат околу него – но, веќе беше доцна. Тој рече дека мислел оти фоката можеби го користела неговиот кајак за да се скрие предизвикувајќи ја ајкулата да скокне блиску до него и двапати да удри во чамецот.

Вториот удар за малку ќе го исфрлел Грег од кајакот и ќе го фрлел право во водата, уште поблиску до вилиците на ајкулата. Но, искусниот кајакар успеал да ја врати рамнотежата и да продолжи со брзото излегување од опасната зона.

Тој за „Нов Зеланд хералд“ изјави дека искуството му го одзел здивот и дека успеал да остане прилично смирен и покрај тоа што ајкулата во еден момент му била на дофат.

Сепак, авантуристот рече дека потенцијалните последици од она што можело да се случи доколку не одржувал рамнотежа сè уште го плашат.

„Да беше во можност да ме извлече од кајакот, тоа можеше да биде прилично катастрофален крај“, рече тој.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков