
Минималната плата треба да биде најмалку 30.000 денари, сметаат граѓаните кои денеска ги анкетираше 24инфо.мк.
Огромен дел од нив сметаат дека со сегашната минимална плата не може да се помине месецот и дека треба да има осетно зголемување.
„500 евра треба да биде минимално, кој може да опстане со 22.000 денари уште со две деца дома? Како што си покачуваат овие во Собрание за неработење, така треба и за работниците да се покачат“ вели една граѓанка.
Друг граѓанин смета дека минималната плата треба да биде и 50.000 денари додавајќи дека цената на храната и горивата е слична како во европските земји а таму платите се доста поголеми.
Некои од граѓаните сметаат дека освен минималната плата, треба да се покачат и пензиите и социјалната помош.
„Минималната плата во однос на стандардот е доста мала и треба да се покачи. Не само минималната плата, мислам дека и пензиите и социјалната помош се на многу ниско ниво, ниво кое е далеку од стандардите на другите држави“ вели еден граанин.
Инаку Сојузот на синдикати бара минимална плата од 500 евра, но за сега целиот процес е закочен.
Денес, премиерот Христијан Мицкоски рече дека во Буџетот немало пари за да се субвенционираат придонесите за разликата од сегашните 22.500 денари до 30.000 денари колку што бара ССМ