Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките на СДСМ за борба против загадениот воздух во Скопје

(Видео) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките на СДСМ за борба против загадениот воздух во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките на СДСМ за борба против загадениот воздух во Скопје, порача на прес-конференција, портпаролот на СДСМ и пратеник, Дарко Каевски.

dobivaj vesti na viber

Каевски рече дека загадувањето на воздухот  е алармантна тема која бара преземање неодложни мерки, па затоа непреземањето ништо од страна на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е неодговорно и на штета на скопјани.

„Повикуваме во ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат. Водењето инает и бегањето од вонредна седница на Советот на Град Скопје од страна на ВМРО-ДПМНЕ е неразумно и неодговорно. СДСМ како одговорна политичка партија има иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје и неколку клучни мерки за намалување на загадувањето во главниот град.

Мерка 1: Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.

Мерка 2: Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.

Хаосот и нефункционалноста на јавниот превоз е директна причина за зголемување на загадувањето. Овие две мерки директно ќе влијаат на намалувањето на бројот на возила во градот и ќе стимулираат користење на јавниот превоз.

Мерка 3: Итна промена на средства во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на парите за борба против загадувањето.

Додека скопјани дишат загаден воздух локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали парите за животна средна за дури 44%.

Тоа е Буџетот на Скопје којшто со аплауз го изгласаа советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и во кој се намалени парите за животна средина за 44%.

Ова предлагаме да се промени и да се зголемат парите.

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).

5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.

6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Ги повикуваме во ВМРО-ДПМНЕ да ги прифатат мерките на СДСМ“, рече Каевски.

Пратеникот додаде дека измина цела година откако локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, заедно со Левица и нивната градоначалничка Арсовска a ништо не е преземено.

 

Можете да прочитате

Не поминаа предлог измените на Изборниот законик

На Комисија прифатен амандманот на Левица независните кандидати да соберат потписи од 0,5 отсто од запишаните избирачи во ИЕ, за решението треба да се гласа и на пленарна седница

Собранието одлучи измените и доплнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка