Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Каевски: Сите услови се исполнети за Мицкоски и ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени

(Видео) Каевски: Сите услови се исполнети за Мицкоски и ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени
Img 7972

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ оценува дека со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, исполнети се сите услови на Христијан Мицкоски што самиот тој ги постави за неговата партија да поддржи уставни измени.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски и ДПМНЕ, вели тој, можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори.

„Се што треба ДПМНЕ и Мицкоски да направат е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени. Во спротивно, ќе покажат дека се несериозни неодговорни пред сопствениот народ и пред иднината на државата. Наспроти лагите на Мицкоски и ДПМНЕ, македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, денес се меѓународно заштитени и потврдени. Доказ за тоа е Предлог Резолуцијата во Сенатот на САД, како и претходно усвоената Резолуција од германскиот парламент, додава Каевски.

Сето тоа, како што истакнува, е потврда за успешната меѓународна политика на Владата предводена од СДСМ.

„По 17 години во чекалната, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ, со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност. Сега е време за нов, сериозен исчекор и забрзување на процесот на преговори со крајна цел – полноправно членство во ЕУ до 2030 година. Затоа, секоја пратеник, секој политички субјект има одговорност да се вклучи во процесот и да даде поддршка на измените на Уставот“, потенцира тој.

Се друго, според него, е дејствување спротивно на врвните државни и национални интереси.

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места