Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Силно и одлучно кон иднината, СДСМ е со граѓаните

(Видео) Каевски: Обезбедени се храна, струја и енергенси за претстојната зима

Според Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ, партијата е со засилено присуство на терен, меѓу граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Од денеска започнуваме со серија граѓански трибини „Силно и одлучно кон иднината“ каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава. А нашата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, до 2030 година, со заштитен македонски јазик и идентитет. Централниот караван почнува во Битола во Домот на културата од 18.30 часот. Граѓански трибини со почеток во 17.00 часот ќе се одржат и во целиот регион, односно и во Ресен, Новаци, Могила и Демир Хисар“, најави Каевски.

Овие трибини, како што оценува, се добра можност одблиску да се претстават ефектите од мерките на СДСМ, но и изворно запознавање со барањата и потребите на граѓаните, да се слушнат нивните ставови и идеи.

„Како одговорна партија се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но истовремено гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ. СДСМ останува со граѓаните, продолжува да работи на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард и носат развој на државата“, нагласи Каевски.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила