Утрински Весник
Економија

(Видео) Каевски: Обезбедени се храна, струја и енергенси за претстојната зима

(Видео) Каевски: Обезбедени се храна, струја и енергенси за претстојната зима
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во време на најголема економска и енергетска криза Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски преземаат навремени мерки за заштита на граѓаните и фирмите. Обезбедени се храна, струја и енергенси за претстојната зима, изјави на прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека Владата субвенционира 80 отсто од сметката за електрична енергија за над 600.000 домаќинства и над 70.000 мали и средни компании.

„Со мерката за основните и средните училишта кои се префрлаат на регулираниот пазар, обезбеден е наставниот процес со физичко присуство во зима. Поевтина електрична енергија е обебзедена и за болниците и здравствените установи. Парно во Скопје ќе има за целата грејна сезона благодарение на тоа што го презема Владата откако ВМРО-ДПМНЕ покажа неспособност и се откажа“, изјави Каевски.

Како што додаде, додека СДСМ и Ковачевски преземаат мерки за надминување на енергетската криза, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се посветени на тендери и провизии.

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност

Македонија доби 13,56 милиони евра грант за модернизација на Коридорот 10

РКЕ најави поскапување на горивата од 30 декември