Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Мицкоски да каже за неговата улога во тендерот од 136 милиони евра?

Четврти ден Христијан Мицкоски молчи, се крие, не одговара која е неговата поврзаност со спорниот тендер од 136 милиони евра. Цела недела јавноста сведочеше на меѓусебни обвинувања за незаконско постапување, помеѓу градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Златко Перински, изјави пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

dobivaj vesti na viber

„ Перински е поранешен шеф на кабинет на Мицкоски и негов близок соработник. Сега кога се фатени со рацете во медот неговите најблиски соработници, Мицкоски, или шпицниот градоначалник како што го нарекуваат молчи и се крие?

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја подржаа кандидатурата на Арсовска и ги собираа потребните потписи и заедно бараа поддршка од граѓаните за време на кампањата. Шпицниот градоначалник Мицкоски дури се пофали дека заедно со Арсовска преговарале со компании за набавка на 100 нови автобуси за потребите на ЈСП Скопје“ рече Каевски.

Тој праша дали и овој проект е нереализиран заради неможноста да се договорат провизиите. Според Каевски, добро е што надлежните институции започнале да го истражуваат сомнителниот тендер од 136 милиони евра, и рече дека треба овој случај да се истражи до крај а за секој кој ќе се докаже вина да има и одговорност.

„ По само една година јавноста виде дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, шпицниот градоначалник Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да му приредат нова катастрофа на Град Скопје, 2024 година. СДСМ нема да прави непринципиелни коалиции и ќе остане опозиција во Советот, заедно со демократските сили, заедно со граѓаните нема да го дозволиме нова катастрофа во Скопје“ порача пратеникот на СДСМ.

Можете да прочитате

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели