Утрински Весник
Свет

(Видео) Изнесени приватни детали за родителите на детето кое пред масакрот вежбал стрелање, а денес испука 57 куршуми

(Видео) Изнесени приватни детали за родителите на детето кое пред масакрот вежбал стрелање, а денес испука 57 куршуми

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во своето вонредно обраќање изнесе приватни информации за момчето кое го изврши нападот во училиштето „Владислав Рибникар“ и уби девет лица. Тој кажа дека ученикот Коста К. испукал 57 чаури. За ученикот посочи дека од родителите побарал да го преместат во друга паралелка, каде имал тројца пријатели – тоа било направено.

dobivaj vesti na viber

Претседателот ги обелодени податоците за приходите на родителите на момчето што го изврши масакрот во училиштето и рече дека „не станува збор за некој што се борел за своите родители и статусот, туку сосема спротивното“.

„Тој мислел да фрли молотови коктели, за да спречи влез на било кој, додека да ја заврши работата. Но се исплашил од првиот молотов коктел и се откажал од флрање на останатите“, посочи Вучиќ.

Според српскиот претседател, станува збор за најдобар ученик во училиштето и сите го избегнувале.

„Родителите му биле задоволни. За неговите родители посочува дека не се карале ниту тепале, туку дека барале подобри резултати. А тој, носел послаби резултати откако се заљубил. Но и во новата паралелка, веројатно бидејќи се разликувал, не сакал никој да го прифати. Па го започнал монструозниот чин“, додаде Вучиќ.

Напаѓачот пукал, од пиштолот на татко му, а полицијата го уапсила во училишниот двор.

„57 чаури и шест куршуми се најдени. Татко му е почесен член на клуб за стрелаштво. Има угледни родители“, додава Вучиќ.

Костак К, кој го изврши масакрот, тренирал карате и кошарка.

„Тој е задоволен бидејќи смета дека за некои деца станал херој“, додаде Вучиќ.

Зборуваше и за родителите на Коста К.

„Родителите биле ‘крем де ла крем’. Угледен доктор, професор. Таткото напраивл еден прекршок во животот – има чиста биографија. Детето го чекало денот, се подготвувал. Бил трипати со татко му на стрелаштво. Гаѓал кружна мета, по сопствено признание – тоа му се допаднао и бил добар стрелец“, додаде Вучиќ.

Српскиот претседател посочува дека ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар е едно од најдобрите училишта.

Можете да прочитате

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната