Утрински Весник
Македонија

(Видео) Излезе од затвор Алими кој ги даде клучевите да се отворат портите од Собранието на „крвавиот четврток“, го пречека Зијадин Села

(Видео) Излезе од затвор Алими кој ги даде клучевите да се отворат портите од Собранието на „крвавиот четврток“, го пречека Зијадин Села
Dik 300x250 mk

Поранешниот претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, пред затворот во Идризово го пречека поранешниот обебзбедувач во Собранието Абдуљфета Алими, кој помина шест години во затвор.

dobivaj vesti na viber

За Алими, казната беше помала бидејќи, како што кажа тогаш судиката Добрила Кацарска, го спасил Села од толпата.

Алими по излегувањето кажа дека е добар и се заблагодари за поддршката.

Села го нарече Алими брат кому му го должи животот.

Алими одлежа 6 години и два месеци затвор затоа што им ги даде клучевите на поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија  вратите на Собранието и им овозможија на демонстрантите да влезат внатре. Поради спасувањето на животот на Села, судискиот совет ја намали ефективната мерка со определување ефективни 7 години затвор. Алими тогаш раскажа како насилниците се оддалечиле од Села бидејќи тој им кажал дека е мртов, а потоа го скрил во една од канцелариите во Собранието.

 

Можете да прочитате

Филипче: Ја слушаме јавноста и ќе ги направиме неопходните кадровски промени во СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уште го игра бугарското сценарио

Судот одреди мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука