Утрински Весник
Свет

(Видео) Иронична насмевка на Зеленски по зборовите на Летонскиот претседател за победа на Украина

(Видео) Иронична насмевка на Зеленски по зборовите на Летонскиот претседател за победа на Украина

Володимир Зеленски не можеше да ја задржи смеата кога летонскиот претседател Егилс Левитс ја објави потребата од враќање на територијалниот интегритет на Украина по победата на Вооружените сили на Украина.

dobivaj vesti na viber

Видеото од прес-конференцијата на двајцата лидери е објавено на официјалниот сајт на украинскиот лидер.

Би сакал уште еднаш да нагласам дека само Украина може да ги диктира условите под кои ќе биде потпишан мировниот договор.

Очигледно е дека долгорочниот мир мора да го вклучи целосниот територијален интегритет на Украина – рече Левитс.

Во тој момент Зеленски иронично го погледнал својот латвиски колега и почнал да се смее.

Претседателите на двете земји пристигнаа во петокот во Лавов, каде положија цвеќе на гробовите на војниците на Вооружените сили на Украина.

Прес-конференцијата по средбата беше одржана по потпишувањето на заедничката декларација за поддршка на европската и евроатлантската интеграција на Украина, пренесе РИА.

Можете да прочитате

Украина изврши нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“ во Русија, има повредени

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели