Утрински Весник
Македонија

(Видео) Христо Христов, внук на Гоце Делчев: Ако носат глава на рамената, не на друго место, можно е мирно решение на спорот  

(Видео) Христо Христов, внук на Гоце Делчев: Ако носат глава на рамената, не на друго место, можно е мирно решение на спорот  

Мирно решение на спорот меѓу Македонија и Бугарија е можно, рече денес Христо Христов, внук на Гоце Делев откако се поклони на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ на Кале на 120-годишнината од неговото загинување. Христов, кој е диригент во Филхармонијата во Варна смета дека решението на спорот меѓу двете земји е едноставно.

dobivaj vesti na viber

„Сигурно може. Ако носат глава на рамената, не на друго место сигурно. И ако може да имаат и малку срце би било прекрасно ама премногу сакам, тоа е“, рече Христов.

Според него денес се постапува сосема спротивно од сфаќањето на Делчев „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, но објасни дека, лично, има посебна замисла за заедничко одбележувањето на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев, со музика и голем заеднички оркестар.

„На денешниот ден мојата лична желба, и не само мојата, беше да направиме еден мирен, високо културен проект, кој ќе вклучува музичари од двете држави. Да направат голем оркестар и да ги исполнат двете државни химни и деветтата симфонија од Бетовен, која во последниот дел е всушност химната на Европа, ‘Ода на радоста’. Нема да го има концертот“, рече Христов.

Тензиите меѓу македонците и Бугарите, Христов вели дека ги прават луѓе кои одат на ‘Фејсбук’ место да одат во тоалет откако ќе се најадат. Слободата и за едните и за другите смета дека  се уште е една голема тешкотија и за не а треба да продолжат да се борат.

„Тоа е голема тешкотија. Веројатно треба да продолжат да се борат. Додека сме живи треба да дишеме. Слободата е како нешто кое треба да се дише. Не може да дишеш двапати да кажеш – готово, толку беше. Не, се дише додека си жив. И за слободата се бориш додека си жив, потоа се следните“, вели Христов.

Христов денес беше меѓу ретките Бугари кои дојдоа да се поклонат на гробот на Гоце Делчев.

Минатата недела техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, извести дека нема да има заедничко чествување на 120-годинината од смртта на Гоце Делчев и предупреди дека оние кои самоиницијативно ќе одлучат да се поклонат на гробот на великанот, може да бидат изложени на проблеми со влез во државата како на 4 февруари. Тогаш Бугарите со часови останаа заглавени на граничниот премин оти падна нашиот системот за гранична контрола.

Можете да прочитате

Пророштвата на Баба Ванѓа за 2025 година: Девет глобални закани што го вознемируваат човештвото

ЦУК: Вкупно 1.359 повици на 112 изминатото деноноќие, мостот на Вардар кај Башино Село затворен за сообраќај

Зимска бајка: Каде во Македонија има најмногу снег?