Утрински Весник
Македонија

Пцовиса жирафата Флопи во скопската Зоолошка градина

Пцовиса жирафата Флопи во скопската Зоолошка градина

Пцовиса жирафата Флопи во скопската Зоолошка градина, дознава „Макфакс“. Информацијата ја потврди и директорот Зоран Попов, кој ги чека резултатите од обдукцијата. Флопи повеќе месеци не била во добра состојба, според ЗОО Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Во тек е обдукција“, вели Попов за „Макфакс“.

Ова е втора жирафа што пцовисува. Претходната почина во 2014 година на три и пол години. Животниот век им изнесува 25 години. Според тогашното раководство во Зоолошката, причината беше срцева мана.

Зоолошката сега останува со една жирафа.

Можете да прочитате

Тежината на јавниот збор и леснотијата на функцијата

Двегодишно дете се затруло со разредувач за боја во Куманово, пренесено на клиниките во Скопје

Западнонилската треска се шири: 13 потврдени случаи, 10 пациенти се во болница