Утрински Весник
Свет

(ВИДЕО) Хорор во Молдавија: Пијано момче ја убило роднината и закопало жив човек

O 1926303 1024.jpg

62-годишен маж од Молдавија поминал четири дена жив закопан пред да биде спасен во понеделникот, откако полицијата го слушнала неговиот придушен плач за помош што доаѓал од земјата.

Полицајците во Молдавија пронашле маж додека го истражувале убиството на мртвата 74-годишна жена чие тело го пронашле безживотно нејзините роднини во нејзиниот дом во Устија, северозападна Молдавија.

Полицијата го уапсила осомничениот за нејзината смрт, а при претресот на неговата куќа во истото село слушнала извици за „помош“ од близина.

Почнале да копаат и го нашле влезот на импровизираната гробница каде 18-годишното чудовиште го затворило старецот.

Полициската снимка објавена во средата покажува дека човекот е извлечен. Бил при свест и имал рана на вратот.

Форензичарите, кои беа повикани во понеделникот откако постара жена беше пронајдена мртва во нејзиниот дом, утврдија дека таа починала по физички напад во кој се здобила со тешки повреди.

Полицајците брзо го идентификуваа 18-годишниот роднина на починатата како осомничен за нејзиното убиство. Ниту жртвата ниту тинејџерот не се именувани во локалните медиуми.
Осомничениот наводно бил пронајден во неговата куќа во алкохолизирана состојба и дал „збунувачки“ и „неконзистентен“ исказ на полицискиот распит.

Додека полицајците го пребарувале неговиот дом за докази, слушнале вознемирувачки звуци и извици за помош кои доаѓале од подземјето во близина на куќата.

Откако го ископале, мажот на полицијата и рекол дека тој и тинејџерот пиеле заедно во саботата кога се скарале.

Осомничениот потоа, наводно, го нападнал со нож пред да го затвори во импровизиран подрум и да го покрие влезот со земја.

Полицијата верува дека тинејџерот ја убил старицата следниот ден, или во недела навечер или во понеделник рано наутро.

Нему му е одреден притвор додека полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата против него за убиство и обид за убиство. Тој се соочува со доживотен затвор доколку биде прогласен за виновен.

Спасениот маж е на болничко лекување.

Еден локален жител за починатата жртва рекол: „Таа беше многу пристојна жена, никој никогаш немал проблем со неа“, пренесува Јутарњи.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња