Утрински Весник
Спорт

(Видео) Хаос во Тирана: тепачка меѓу навивачи, летаа столчиња, на теренот фрлени факли

(Видео) Хаос во Тирана: тепачка меѓу навивачи, летаа столчиња, на теренот фрлени факли

Албанските фудбалери во Тирана ја победија Полска со 2:0 во натпревар од групата Е.

dobivaj vesti na viber

Стрелци беа Јасир Асани во 37. и Мирлинд Даку во 62. минута.

Натпреварот сепак го одбележаа скандалозни сцени.

Во Тирана имаше неколку стотици полски навивачи, кои дојдоа да ја бодрат својата репрезентација.

Како што пишуваат медиумите, испровоцирани од Албанците, Полјаците тргнале кон нив, но полицијата спречила посериозни судири.

Летаа столчиња, на теренот беа фрлени факли, а натпреварот мораше да биде прекинат на неколку минути.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија