Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Греми“ 2023: Зад песната на годината се крие неверојатна приказна

(Видео) „Греми“ 2023: Зад песната на годината се крие неверојатна приказна
300x250 (7)

Бони Рајт беше вчудоневидена кога освои „Греми“ за песна на годината на соноќешната церемонија во Лос Анџелес, еден од најголемите настани во музичката индустрија.

dobivaj vesti na viber

73-годишната пејачка и текстописец се закити со една од главните награди. Нејзината песна Just Like That беше прогласена за песна на годината.

Ss1

Џил Бајден ѝ ја врачи наградата, а Бони не можеше да поверува дека е победничка во оваа престижна категорија. „О, боже. Многу сум изненадена. Не знам што да кажам. Ова е нереален момент”, рече Бони. Таа ѝ се заблагодари на Академијата што ја цени уметноста на пишување песни и што ѝ оддаде почест.

„Не пишувам многу песни, но толку сум горда што ја цените оваа“, додаде таа. „Песна на годината е прилично важна работа. Ова е голема работа за мене и многу сум горда.“

Медиумите потсетуваат на неверојатната приказна зад Just Like That, која беше објавенa во април 2022 година. Се појави на истоимениот албум, кој се искачи на 44-то место на Билборд Топ-200.

Песната ja напиша Бони, која откри дека била инспирирана од приказната за една жена која срцето на својот починат син му го дала на друго дете. Бони ја посвети песната на својот пријател и колега Џон Прајн, кој почина во 2020 година по борбата со коронавирусот.

„За оваа песна ме инспирираше неверојатна приказна за љубовта, милоста и великодушноста на некој кој ги донира органите на својата сакана личност за да помогне на друга личност да преживее“, изјави Рајт. „Оваа приказна е толку едноставна и толку убава за овие времиња. И луѓето реагираа на песната, делумно поради тоа колку го сакав и сите го сакавме Џон Прајн, и тоа беше инспирација за музиката за оваа песна“, додаде таа.

Ss1

Можете да прочитате

Сок од бозел – еликсир на здравјето

Задржувањето на водата во телото може да влијае на мозокот, очите и белите дробови

Страдате од мигрена? Овие четири природни додатоци можат да помогнат