Утрински Весник
Спорт

(Видео) Грција елиминирана – Папаниколау за расплака пред новинарите

(Видео) Грција елиминирана – Папаниколау за расплака пред новинарите

Највозрасниот грчки играч, Костас Папаниколау тешко го поднесе поразот од Литванија и елиминацијата на неговата репрезентација од Светскоот првенство.

dobivaj vesti na viber

Литванија ја декласираше Грција со резултат 92:67, иако Грците водеа по првото полувреме.

Капитенот Папаниколау беше без поени во 25 минути игра, шутираше 0/1 за два, 0/4 за три и поради слабата игра беше лут и тажен на крајот, најмногу на себе. Со солзи во очите тој даваше изјава за грчките медиуми.

„Ме боли што не му помогнав на тимот. Ова нема врска со другите момци… Сите имаат душа. Имам чувство дека не му дадов доволно на овој тим“, рече Папаниколау по мечот, видно тажен и расплакан.

„Тоа е нешто што сега многу ме боли, ме јаде. Но, што да правиме? Таков е животот. Да продолжиме понатаму, се ќе биде добро”.

Грците со поразот од Ливанија ги загубија сите шанси за пласман во четвртфиналето како една од двете првопласирани селекции од групата.

Во последното коло за престиж ќе играат против Црна Гора.

Фото/ FIBA



Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари