Грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Костас Караманлис денеска поднесе оставка, откако во синоќешниот судир на два воза северно од Лариса загинаа најмалку 36 лица, а 72 се повредени, објави денеска грчкиот портал Екатимерини.
Караманлис рече дека ја презема одговорноста за „годишните неуспеси за подобрување на ситуацијата на железницата“ и додаде дека оставката е негова должност и „најмалку што може да направи за да им оддаде почит на жртвите“.
Тој изјави дека кога ќе се случи нешто толку трагично, не може да се продолжи како ништо да не се случило.
Drone video shows the aftermath of a train crash in northern Greece, during which a passenger train with hundreds of people onboard collided at high speed with an oncoming freight train. At least 36 people were killed and dozens more were injured. https://t.co/drKO3cRruL pic.twitter.com/x8EtdX832L
— CBS News (@CBSNews) March 1, 2023
„ Во овие три и пол години вложивме максимални напори да ја подобриме состојбата. За жал, напорите не беа доволни за да се спречи ваква несреќа. И ова е многу тешко за сите нас и за мене лично – рече Караманлис.
Меѓуградски патнички воз со околу 350 патници, кој од Атина тргнал кон Солун, во текот на ноќта се судрил со товарен воз, кој се движел во спротивна насока по истата пруга. Несреќата се случила кај Темпи, северно од Лариса, во Тесалија.