Утрински Весник
Македонија

(Видео) Градоначалникот на Кочани до Владата: Слушнете го гласот на граѓаните, отворете ја градинката

Venkokrtevski.jpg

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, преку социјалните мрежи упати апел до власта поврзан со отворањето на долгоочекуваната градинка во градот, за чие отворање пред периодот на локалните избори, тој веќе две недели ја барал министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, но вели дека не добил ниту одговор на барањето за средба.

„Како КРИЗЕН градоначалник, се обраќам со искрена молба до претседателот на Владата и министерката за финансии. 200 деца, во кои и деца на самохрани и повредени родители чекаат место во градинката. Слушнете го гласот на Кочани. Одобрете го пуштањето на градинката“, пишува Крстевски во објавата со видеото, во кое го образложува апелот и барањето до властите.


Можете да прочитате

Возови со 200 на час ќе минуваат низ Македонија најави Николовски

Николоски: Без увоз на работници, дел од компаниите ќе стават клуч на врата

Николовски: Делницата Прилеп-Битола до 2029 ќе стане автопат