Утрински Весник
Свет

(Видео) Грабар-Китаровиќ: Путин повеќе би сакал да умре отколку да признае пораз

(Видео) Грабар-Китаровиќ: Путин повеќе би сакал да умре отколку да признае пораз
Ss2

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ на Глобалната сцена одржана во седиштето на ОН пред неколку дена одговори на прашањето за тоа како таа ја гледа иднината на руската војна во Украина. Вели дека е малку веројатно Путин да се откаже од специјалната воена операција, која ја гледа како одговор на понижувањето што им го нанесе Западот за време на Студената војна.

dobivaj vesti na viber

Таа смета дека Путин повеќе би сакал да умре отколку да го признае поразот.

Ss1

„Не е точно дека санкциите немаат ефект, тие имаат. Но Путин е личност која никогаш не би го признала поразот. Тој повеќе би сакал да умре“ – рече таа.

Бидејќи Украина нема да отстапи ни педа од својата суверена територија, а Путин нема да се повлече, Грабар-Китаровиќ смета дека борбите ќе продолжат.

„Најдоброто за кое можеме да се надеваме сега е некаков вид примирје, но прекинот на огнот нема да го спречи Путин да се обиде да ја постигне својата крајна амбиција да ја преземе цела Украина, заклучи екс-претседателот на Хрватска.

Ss1

Можете да прочитате

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци