Утрински Весник
Спорт

(Видео) Германците ја добија Франција, Англија подобра од Шкотска и покрај автоголот на Мегваер

(Видео) Германците ја добија Франција, Англија подобра од Шкотска и покрај автоголот на Мегваер
Dik 300x250 mk

На лошата серија на германската фудбалска репрезентација и дојде крај по отказот кој го доби селекторот Ханси Флик, откако во пријателски меч ја победија Франција со 2:1. Англија, пак, победи со 3:1 на непријателски терен во Глазгов против Шкотска во меч кој ја одбележи 150-годишнината од старото ривалство.

dobivaj vesti na viber

Под водство на привремениот селектор, Руди Фелер, Германците дојдоа во водство преку ветеранот Томас Милер уште во четвртата минута од мечот, за Лирој Сане да зголеми на 2:0 во 87. минута од мечот. Само две минути подоцна беше досуден пенал, а Антоан Гризман сигурно реализираше за 2:1.

Англичаните ги „матираа“ Шкотите во три минути – Фил Фоден во 32. и Џуд Белингем во 35. минута донесоа 0:2 водство за гостите, пред Хери Мегваер да си постигне автогол во 67. минута од мечот. Хери Кејн стави точка на мечот во 81. минута.

Можете да прочитате

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс