Утрински Весник
Економија

(Видео) Георгиевски: Исплатени 89,4 милиони денари кон 5.851 млекопрпоизводител

(Видео) Георгиевски: Исплатени 89,4 милиони денари кон 5.851 млекопрпоизводител

Кон 5.851 млекопроизводител исплатени се 89,4 милиони денари за произведено и предадено кравјо, овчо или козјо млеко за периодот јуни и јули 2021 година, изјави Гоце Георгиевски, комисија за земјоделие на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека висината на субвенциите изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

„ Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. За производителите на мклеко обезбедивме дополнителен буџет од 140 милиони денари во Интервентниот фонд за поддршка по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети за период од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година.

СДСМ гради партнерски однос со сите земјоделци и преку одговорни навремени и ефикасни мерки покажува што значи вистинска грижа за земјоделството како клучна стопанска гранка. Остануваме посветени на работа во интерес на граѓаните и домашното земјоделско производство“ порача Георгиевски.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена