Церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс треба да започне во 11 часот по локално време и да трае нешто повеќе од еден час.
Чарлс ќе патува со кралицата Камила од Бакингемската палата до Вестминстерската опатија. Рутата по која ќе тргнат се нарекува „Кралска поворка“.
Внатре во опатијата, Чарлс ќе седне на столот на Едвард и ќе го држи владетелскиот жезол, предмет што е симбол за контролата врз британската нација. Тој ќе ја има и владетелската топка. За време на крунисувањето, Чарлс ќе биде прашан дали ќе управува со Велика Британија и другите нации на Комонвелтот со почитување на законот и правдата и дали ќе го задржи христијанството во нацијата.
На крунисувањето ќе присуствуваат бројни светски државници, освен оние од Русија, Белорусија, Северна Кореја, Никарагва…
Но, истовремено се одржуваат и протести против монархијата на улиците од Лондон, а полицијата интервенира.
Антимонархиските демонстранти се собраа на плоштадот Трафалгар, во близина на местото каде што ќе помине поворката за крунисување додека се упатува кон Вестминстерската опатија. Некои од демонстрантите носат маици со натпис „Ова не е мојот крал“. Гардијан пишува дека се собрале околу 2.000 демонстранти.
Wake up ,Great Britain,Trafalgar Square protest. pic.twitter.com/DNM1y17C04
— Enock Mthembu (@EnochMthembu) May 31, 2020
Полицијата соопшти дека извршила голем број апсења во близина на местото на крунисувањето.
„Во центарот на Лондон е во тек значајна полициска операција. Направивме неколку апсења во областа Карлтон Хаус Тераса. Луѓето беа приведени поради сомневање дека го нарушиле мирот. Претходно денеска уапсивме четири лица во областа Сент Мартин Лејн.
Тие се приведени поради сомнение за заговор за вознемирување на јавноста. Уште три лица се уапсени во областа Велингтон Арч. Ќе има дополнителни ажурирања подоцна денес. Засега протестите се мирни“, соопшти Скотланд Јард.