
Жителите на улица „Финска“ од Ченто денеска излегоа на мирен протест откако, според нивните тврдења со месеци преживуваат терор од нивниот новодоселен сосед.
Денес граѓаните на мирен протест побараа надлежните институции да реагираат и да ги заштитат.
Позадината на целиот случај е фактот што докако соседот се доселил на улицата ја срушил првобитната барака и на нејзино место изградил куќа, но биднабљубејќи канализацискиот одвод од цела улица минувал под неговата куќа, тој не го дислоцирал канализацискиот одвод туку само го затнал, па сега погорните куќи фактички немаат канализација.
Сите укажувања на соседите наместо на разбирање наишле на закани од соседот кој според сведоштва на соседите прераснуваат во вербални закани, па имало и фрлања со нож, а новодојденецот поставил и камери со кои 24 часа ги набљудува соседните дворови.
„По повеќемесечно барање реакција од повеќе институции како „Водовод и Канализација“ Општина Гази Баба, Полициска станица Автокоманда и директно обраќање до премиерот Христијан Мицкоски од никого не добивме конкретен одговор и затоа ние, жителите од улица „Финска“ му се обраќаме на министерот Тошковски со надеж дека ќе се заинтересира за нашиот случај. Се надеваме дека ќе донесе забрана за физичко приближување кон сите негови соседи како би се спречил иден посериозен инцидент. Провокациите што ги трпиме од ова лице не запираат, туку ескалираат а сведоци за тоа се полицајците кои секојдневно постапуваат по пријавите. Сетете се на последниот случај во Велес и ненвременото реагирање на институциите, не ја правете по вторпат истата грешка“ порача граѓанка од протестот.

Граѓанин пред камерите сведочеше дека во куќите и дворовите со месеци се чувствува непријатна миризба а фекалиите наместо во канализација завршуваат во околните дворови, а дополнително на тоа заканите на соседот стануваат се посилни и често доаѓа до ситуации на раб на физички пресметки.
Иако граѓаните со месеци јавно реагираат и бараат помош, сега за сега, нивниот сосед излегува посилен од сите институции на локално и државно ниво.