Утрински Весник
Економија

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

Фирмите што ги нуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача на прес-конференција, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски претходно вчера изјави дека тој и неговата партија имаат контакти и индикативни понуди од компании за набавка на мазут и природен гас со кои што државата ќе заштеди 300 милиони евра.

Ковачевски вели дека секоја понуда во насока на надминување на актуелната криза е добредојдена.

„Ја користам оваа прилика јавно да го повикам Мицкоски да ги информира сите тие компании од кои има индикативни понуди, а кои биле со важност од една недела, во текот на следните неколку денови, но не подоцна од среда, да ги комплетираат понудите и да ги достават до АД ЕСМ. Понудите од компаниите треба да имаат: технички карактеристики на енергенсот (мазутот или природниот гас); да ги имаат сите сертификати;  да ги имаат сите потребни лиценци; да имаат обезбедени количини (250.000 тони мазут и 250.000.000 нормални метри кубни природен гас); да имаат договори со испорачатели; да имаат обезбедено транспорт до производните капацитети (мазутот до ТЕЦ Неготино, РЕК Осломеј и РЕК Битола, а природниот гас до ТЕ-ТО и топланите во Скопје); да имаат динамика на испорака согласно производниот план; да имаат обезбедено банкарска гаранција“, изјави директорот на ЕСМ.

Ковачевски образложи дека станува збор за критериуми кои и досега се барале, во сите јавни набавки на овие енергенси.

Сите понуди од овие компании кои по препорака на Мицкоски ќе стигнат до ЕСМ во официјална форма, согласно Законот за јавни набавки на енергенси, веднаш ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за јавни набавки на АД ЕСМ, рече тој.

„Доколку евентуално пристигнат тие понуди и ги исполнуваат сите споменати критериуми и имаат најниска понудена цена, со тие компании ќе бидат склучени договори. Очекуваме, според вчера кажаното, евентуалните понуди да бидат со ниски цени, а со тоа ЕСМ и државата да заштедат 300 милиони евра. Доколку, пак, не пристигнат понуди по препорака на Мицкоски, ќе ја известиме јавноста за исходот на постапката“, додаде Ковачевски.

Можете да прочитате

Битиќи: Владата не презема ништо за високите цени иако има механизми

Ристески : Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување

СДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална плата – ВМРО-ДПМНЕ го згази достоинството на работниците