Утрински Весник
Магазин

(Видео) Финален трејлер за „Џон Вик 4“

(Видео) Финален трејлер за „Џон Вик 4“

Излезе последниот трејлер за најновото продолжение на акционата сага со наслов „Џон Вик: Поглавје 4“, во кој Кијану Ривс повторно е одвлечен во темниот свет за да ги исправи грешките од минатото.

dobivaj vesti na viber

Синопсисот за новиот филм открива дека Вик го наоѓа патот до победата над организирана криминална организација со која постојано се бори. Но, пред да ја заработи својата слобода, тој мора да се соочи со нов непријател со моќни сојузи во светот и сили што ги претвораат старите пријатели во непријатели.

Филмовите за Џон Вик следат безмилосен одмаздник, поранешен професионален убиец, кој се одмаздува за убиството на своето сакано куче.

Серијалот почна како приказна за одмазда, која потоа се претвори во сопствена верзија на стилска бруталност за на крајот да се претвори во модерна студија за естетизација на насилството, според некои критичари.

Можете да прочитате

Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка

Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“

Овој парфем е прогласен за најдобар женски мирис на сите времиња