Композиторот и еден од најталентираните саксофонисти во историјата на џезот Вејн Шортер почина во болница во Лос Анџелес на 90-годишна возраст.
Со кариера долга неколку децении, Шортер е пионер во многу џез жанрови, како би-бап, џез-фјужн и други.
Тој е роден во Њу Џерси во 1933 година, а на 15-годишна возраст почнал да свири кларинет, за подоцна да продолжи да свири саксофон. Заедно со неговиот брат Алан се заинтересирале за би-бап працеот во овој музички жанр.
Продолжил да свири во текот на средното училиште и студирал музика на колеџ. Откако отслужил две години војска, неговиот талент брзо го сместил во „кремот на џезот“.
Шортер беше централна фигура во три од најважните џез-групи на 20 век – „Џез Месинџерс“ предводени од Арт Блејки, втората постава на квинтетот на Мајлс Дејвис во средината на 60-тите, а потоа и во иконскиот фјужн бенд „Вотер Рипорт“.
Соработуваше со многу музичари од различни жанрови, а познато е неговото партнерство со Џони Мичел, на чијшто 10 албуми свиреше. Работел и со Сантана и Стили Дан.
Тој освои дури 11 Греми, како и Греми за животно дело.