Утрински Весник
Свет

(ВИДЕО) Ерупција на вулканот Мерапи, исфрли 7 километарски столб од чад и лава

Мерапи ерупција на вулкан

Во Индонезија денеска се случи ерупција на вулканот Мерапи, кој исфрли жежок облак на оддалеченост од седум километри, соопштија денеска службите за вонредни ситуации.

dobivaj vesti na viber

Ерупцијата во регионот Јогјакарта се случила околу пладне по локално време, а лавата поминала растојание од еден и пол километар, велат властите.

Жителите на блиската заедница беа предупредени да ги прекинат сите активности во опасните зони во радиус од седум километри околу кратерот.

Мерапи е висок 2.963 метри и е еден од најактивните вулкани во Индонезија. Пред ерупцијата важеше предупредување за еден степен под максимумот.

Надлежните ја следат ситуацијата, а засега никој не е евакуиран.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток