Утрински Весник
Свет

(Видео) Ердоган пее пред собраните поддржувачи – се слави победа

(Видео) Ердоган пее пред собраните поддржувачи – се слави победа
Dik 300x250 mk

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва по вториот круг од претседателските избори им се заблагодари на граѓаните кои нему и на неговата партија му дадоа нова доверба, како што рече, да ја водат земјата во следните пет години.

dobivaj vesti na viber

„Го завршивме вториот круг од претседателските избори во корист на нашата нација. Единствен победник на овие избори е Турција, победија сите 85 милиони луѓе кај нас. Вашата волја стана турска сила, неуништлива сила“,  рече Ердоган во обраќањето пред поддржувачите во Истанбул, пренесе Анадолија.

Тој ги поздрави поддржувачите и запеа.

Според податоците на „Анадолија“, врз основа на 98,52 отсто од преброените гласови, Ердоган освоил 52,11 отсто од гласовите, а кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу 47,89.

Во бројки, Ердоган досега освоил околу 27 милиони гласови, а Киличдароглу 24,8 милиони.

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција, Ахмет Јенер, истакна дека од пребројани 75,42 отсто од гласовите Ердоган води со 53,41 отсто гласови, додека опозицискиот кандидат Киличдароглу добил 46,59 отсто поддршка.

Лидерите на Катар, Унгарија, Сомалија и Пакистан беа меѓу првите шефови на држави и влади што му честитаа на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно