Утрински Весник
Свет

(Видео) Емотивна средба меѓу татко и бебе спасено од урнатините во Турција

(Видео) Емотивна средба меѓу татко и бебе спасено од урнатините во Турција

Едноиполгодишното бебе Масал е спасено од под урнатините на станбена зграда во Караманмарас, дури 55 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните региони на Турција, јавува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Бројни спасувачки тимови продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во регионите погодени од катастрофата.

Спасувачите утрово слушнале глас под урнатините, по што ископале тунел до местото каде што биле заглавени едноиполгодишната Масал и нејзината мајка Јелиз Кираџакали (23).

Спасувачкиот тим со огромни напори успеал да го извлече бебето на безбедно.

Во тек се напори да се спаси мајката која се’ уште е под урнатините и која на спасувачите им кажала дека бебето го одржувала во живот со доење.

На денот на земјотресот, таткото Омер Кираџакали со свои сили успеал да се извлече од урнатините.

Камерите ja снимија и емотивната средба меѓу таткото и неговата ќерка откако таа беше спасена.

Можете да прочитате

Тајлер Робинсонe осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Уапсен е осомничениот за убиството на Кирк, објави Трамп

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија