Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлозии на Крим, нападнат руски аеродром

(Видео) Експлозии на Крим, нападнат руски аеродром
Ss2

Украинците јавуваат дека во текот на ноќта се слушнале експлозии во окупираниот град Џанкој на Крим. Според информациите на украинските медиуми, погоден е руски аеродром.

dobivaj vesti na viber

„Укринформ“ објави дека експлозиите се слушнале доцна синоќа, цитирајќи локални канали на Телеграм.

Img 5587

Вторник веројатно беше денот кога беа извршени најмногу напади врз Украина во еден ден од првата недела од руската инвазија, соопшти британското Министерство за одбрана, поради што многумина го сметаат гранатирањето на Крим како одмазда против Киев.

„ Муниција беше лансирана од воздушни, морски и копнени платформи. Иако голем дел од проектилите беа успешно пресретнати, Украина се соочува со значително намалување на достапната електрична енергија од нејзината национална мрежа. Ова ќе влијае на цивилниот пристап до комуникациите, греењето и снабдувањето со вода“, се наведува во соопштението.

Исто така, гранатирањето на Крим се случува по неодамнешните настани во Полска, кога две ракети паднаа на тамошната територија и загинаа две лица. Американскиот претседател Џо Бајден и претставници на НАТО објавија дека на територијата на Полска паднале украински проектили, кои биле истрелани за пресретнување на руските.

Володимир Зеленски ги негираше овие наводи и побара докази, но Полска одби да и дозволи на Украина да учествува во истрагата, додека Бајден најави дека „зборовите на Зеленски не се доказ“.

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56