Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлозија во Германија, повредени десет пожарникари и двајца полицајци

(Видео) Експлозија во Германија, повредени десет пожарникари и двајца полицајци

Во германскиот град Ратинген се случи експлозија во катна зграда, при што се повредени 10 пожарникари и двајца полицајци, од кои некои многу тешко, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Ројл.

dobivaj vesti na viber

„Имаше експлозија од непозната причина. Неколку лица се повредени. Исто така и полицајците“, изјавил портпаролот на полицијата за „Билд“.

Причината за експлозијата сè уште не е позната, но безбедносните служби не ја исклучуваат можноста дека се работи за напад, пренесува ЗДФ.

Полицијата и противпожарната бригада биле повикани кај беспомошно лице во стан на Берлинер штрасе. Кога се обиделе да ја отворат вратата, дошло до сериозен пожар бидејќи било кажано дека во станот претходно бил употребен бензин или некоја друга материја, пренесува „Билд“.

„Кога пристигнала полицијата, вратата од станот била отворена. Синот и мајката останале во запалениот стан, мажот ја предизвикал детонацијата со непознат предмет“, изјавил Ројл.

Можете да прочитате

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

Билд: Трамп сака утре прво да има тет-а-тет средба со Зеленски, а потоа и со европските лидери

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа