Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлозија во близина на руската амбасада во Кабул, има повредени

(Видео) Експлозија во близина на руската амбасада во Кабул, има повредени
Dik 300x250 mk

Експлозија одекнала во Кабул, во областа каде што се наоѓа зградата на руската амбасада, јавуваат светските агенции.

dobivaj vesti na viber

Експлозијата се случила кога руски дипломат излегол да го прочита списокот на оние кои чекаат на редот за визи, изјавил Хамид Хајдари, поранешен главен уредник на 1TVNews. Очевидци известиле дека можеби има околу 20 загинати, пренесе Спутник.

Според полицијата, бомбаш самоубиец активирал експлозив на влезот во амбасадата.

Вооружени стражари го убиле напаѓачот додека се приближувал до капијата на амбасадата.

Во експлозијата се повредени руски дипломат и чувар на руската амбасада, пишува РИА Новости. Спутник додава, повикувајќи се на неименуван дипломатски извор, дека станува збор за терористички напад.

На местото на настанот биле испратени голем број возила на брзата помош, изјавиле мештаните за РИА Новости.

Агенцијата потсетува дека во август 2021 година, талибанците го зазедоа Кабул и прогласија крај на војната со владините сили.

Можете да прочитате

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник

Ненси Пелоси најави дека ќе се пензионира